Повредата на данскиот скијач не се случила на патека под наша надлежност, велат од Ски центарот „Попова Шапка“

Макфакс

17/02/2026

21:14

425

Големина на фонт

а а а

Повредата на скијачот од Данска не се случила на официјална патека администрирана од „Попова Шапка“, бидејќи ски-лифтот „Церипашина“ не бил во функција поради силните ветрови и неповолни временски услови, информираат од Ски Центарот.

Се додава дека скијачот бил гостин на приватен оператор кој работи надвор од патеките управувани од овој центар.

„Ски центарот сноси одговорност исклучиво за патеките и просторот што се под наша официјална администрација и управување, а не и за зоните каде што оперираат трети страни надвор од овие патеки“, се наведува во соопштението на Ски Центарот Попова Шапка.

ОФИЦИЈАЛНО СООПШТЕНИЕ


Почитувани посетители,


Ве информираме дека вчера еден скијач од Данска се здоби со повреда за...

Posted by Ski Center Popova Shapka/Попова Шапка/Kodra e Diellit on Tuesday 17 February 2026

И покрај тоа, веднаш по добивањето на информацијата за повредата, спасувачката единица излегла на терен за да обезбеди помош и да асистира при транспортот и третманот на повредениот.

Од Центарот посочуваат дека безбедноста на посетителите останува врвен приоритет и му се заблагодаруваат на спасувачкиот тим за брзата и професионална реакција.

„Макфакс“ претходно објави дека 24-годишниот скијач од Данска бил пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и со повреди пренесен во болница во Скопје.