Уживајте во овој специјалитет без јајца и брашно којшто може да се испече и во рерна, а по вкус нималку нема да се разликува од оние кои се подготвуваат класично.
Крцкавите пилешки стапчиња спаѓаат меѓу највкусните специјалитети кои ги сакаме, но често се откажуваме од нив затоа што не сакаме да стоиме покрај шпоретот и да ги пржиме во длабоко масло.
Крцкавите пилешки стапчиња можат да се направат и без јајца и брашно, а кога ќе се испечат во рерна, ќе бидат поздрави и повкусни.

Состојки:
🍗200 грама презла;
🍗170 грама мајонез;
🍗900 грама пилешки гради;
🍗сол по вкус;
🍗бибер по вкус;
🍗мешавина зачини по вкус.
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови и обложете го плехот со хартија за печење.
Пропржете ја презлата три до четири минути додека не добие златна боја.
Оставете ја настрана да се излади, па помешајте ја со зачините.

Пилешките гради исечете ги на филети, посолете ги и извалкајте ги во мајонезот.
Потоа секое филе извалкајте го во презлата и распоредете ги во плехот за печење.
Печете во загреана рерна 15-20 минути.
На здравје!








