Истражување: Психоделичниот лек што го користат шаманите може да помогне во борбата со депресија, но под еден услов

Точка

17/02/2026

16:21

459

Големина на фонт

а а а

Лицата со сериозни депресивни растројства можат да доживеат брзо и трајно подобрување на состојбата по само една доза психоделичен лек (ДМТ) кој се користи во шамански ритуали кога се комбинира со психотерапија, покажуваат резултатите од клиничкото истражување.

Клиничкото испитување во кое учествувале 34 лица, покажа дека терапијата со помош на психоделични супстанции предизвикува брзо намалување на депресивните симптоми, што траело долго откако лекот престанал да делува, а некои дури и по шест месеци ги чувствувале придобивките, пренесе Гардијан.

Во комбинација со психотерапија

„Постои моментален антидепресивен ефект кој значително се одржува во период од три месеци и тоа е возбудливо бидејќи ова е една сеанса со лекот со психолошка поддршка“, изјави Дејвид Ерико, психијатарот на Имеријал колеџот во Лондон кој го спровел истражувањето.


Иако прелиминарни, резултатите одат во прилог на претходните докази дека психоделичните лекови кога се комбинираат со психотерапија, можат да помогнат во ублажувањето на депресијата кај милиони луѓе ширум светот кои не реагираат на постоечките антидепресиви или терапии.

ДМТ е активна состојка во ајахуаска

Се проценува дека 100 милиони лица ширум светот имаат депресија отпорна на лекување, која е дефинирана како големо депресивно растројство кое не реагира на најмалку два антидепресиви, а околу половина од нив не се во состојба да ги извршуваат секојдневните рутински задачи.


ДМТ е активна состојка во ајахуаската која се користи во шамански ритуали во Јужна Америка. Дрогата предизвикува силни и често мистични халуциногени „патувања“ кои можат да го сменат чувството за време и простор кај луѓето, да го растворат нивното чувство за себе и да ги „призове“ средбите со „натприродни суштества“.