Комо доживеа неочекуван пораз од Фиорентина на домашен терен, пораз во кој црвен картон заработи искусниот шпанскиот напаѓач Алваро Мората.
Мората се „исклучи“ во завршницата и за кратко време заработи два жолти картони и го остави својот тим со играч помалку на теренот, потег од кој не беше воодушевен тренерот Сеск Фабрегас кој му испрати многу јасна порака на сонародникот.
- Провокациите се дел од фудбалот, кој не знае да се носи со нив, треба да се проба во друг спорт! Очекувам многу повеќе од искусен играч во такви ситуации. Не можеме да бараме изговори и не можеме да дозволиме останатите да го добијат тоа што сакаат, – изјави Фабрегас.
Ова донесе реакција од голгетерот кој се извинии за тоа што го направи.
- Уште еднаш, направив грешка. Уште еднаш, се соочив со таа постојана бучава каде се е дозволено, каде што изразувањето мислење изгледа поважно од размислувањето и каде што зборувањето има помала тежина од ехото што го генерира. Напред, работам и се борам како што секогаш сум правел, - порача Алваро.








