[ФОТО] Еден стајлинг, два мантили и незаборавен изглед: Првата дама на Њујорк е најсмела сопруга на политичар, а завчера ја помести границата

Точка

17/02/2026

09:15

892

Големина на фонт

а а а

Откако беше избран за градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани привлекува многу внимание на социјалните мрежи, а истото важи и за неговата сопруга и позната илустраторка, Рама Дуваџи, која особено ги фасцинира модните сладокусци.

Стилот на новата њујоршка „прва дама“ е прилично авангарден, интересен и секогаш шик, а на ревијата на брендот „Диотима“ за време на Модната недела во Њујорк покажала зошто има најсмел стил меѓу сопругите на политичарите.

Невообичаено издание на сопругата на Мамдани

Дуваџи која соработува со стилистката Габриела Кареф-Џонсон пристигнала на ревијата носејќи два мантили. Имено носела неутрален, класичен тренч закопчан до грло, а преку него имала кариран мантил со ефектни, назабени ревери, класичен модел со струкиран крој кој се спушта до колената.


Посебна нота на изгледот му додале крагната украсена со нитни, каубојските црни чизми до колена и кожната чанта со предимензионирана тока и ремен со метални детали.


Кога станува збор за накитот, Дуваџи се решила за едноставни златни алки во комбинација со кратки и дебели алки како и прстени во боја на жолто злато.

Фасцинира со личниот стил

Кога станува збор за косата, Рама се решила за својот вообичаен стил, кој стана нејзиниот заштитен знак: пуштени шишки и благо разбушавена коса – мешавина од боб и пикси фризура, за која се очекува дека ќе биде еден од водечките трендови во 2026 година.

Инаку сопругата на Мамдани на ревијата на брендот „Диотима“ била лично поканета од Рејчел Скот, основачката на оваа модна куќа.


„Ме заинтригира нејзината работа и личен стил, па беше навистина возбудливо што присуствуваше на мојата ревија“, истакнала дизајнерката за „The New York Times“.