Има 60 години, брз јазик и доверба од Трамп: Која е Пем Бонди, чие сведоштво за Епстин ги шокираше САД и светот?

Точка

14/02/2026

18:23

1.101

Големина на фонт

а а а

Американската државна обвинителка Пем Бонди во среда говорела пред Одборот за правосудство на Претставничкиот дом на Конгресот, кога сведочела за случајот Епстин, а за време на дури пет часа сослушување имала бројни жестоки расправии, главно со демократите.

Таа често ја менувала темата, влегувала се во расправии и лични пресметки, избегнувајќи директни одговори на прашањата за Џефри Епстин. За време на сослушувањето, таа еден Демократ го нарекла „пропаднат адвокат и губитник“, додека другиот го критикувала затоа што, според неа, го „нападнал најголемиот претседател во американската историја“ — мислејќи на Доналд Трамп.



Пем Бонди е една од поистакнатите личности по враќањето на Трамп во Белата куќа, а и претходно беше јасно дека тој ја смета за личност од доверба, па така Бонди беше дел од неговиот правен тим во 2020 година, за време на првото судење за импичмент.


„Премногу долго партиското Министерство за правда беше оружје против мене и против други републиканци, но повеќе не. Пем ќе го пренасочи Министерството кон неговата вистинска цел: борба против криминалот и повторно создавање безбедност за Америка“ напиша Доналд Трамп на својата мрежа „Truth Social“, откако ја предложи Пем Бонди за државна обвинителка.

Која е Пем Бонди?

За време на првиот мандат на Трамп, во Белата куќа таа беше членка на неговата Комисија за опијати и злоупотреба на наркотични супстанции, а потоа беше и дел од правниот тим за време на судењето за импичмент, кога претседателот беше обвинет дека вршел притисок врз Украина да спроведе истрага за корупција против Бајден, така што ѝ ускратил воена помош.

Бонди, за која многумина на почеток не веруваат дека има 60 години, влезе во историјата во 2010 година, кога стана првата жена на функцијата државна обвинителка на Флорида, каде што остана осум години.


Родена е во Тампа во 1965 година, а по завршувањето на Универзитетот во Флорида и Правниот колеџ на Универзитетот „Стетсон“, поминала повеќе од 18 години во Канцеларијата на државниот обвинител на округот Хилсборо. Во политичките кругови долго време не беше претерано позната, а тогаш како клучни теми ги истакнувала борбата против трговијата со луѓе и заострувањето на државните закони за овие злосторства.

За време на првиот мандат на Трамп во Белата куќа, таа беше членка на неговата Комисија за опијати и злоупотреба на наркотични супстанции, а потоа беше и дел од правниот тим за време на судењето за импичмент, кога претседателот беше обвинет дека вршел притисок врз Украина да спроведе истрага за корупција против Бајден, така што ѝ ускратил воена помош.


Во какви односи е Бонди со Трамп?

Бонди е членка на Републиканската партија од 2000 година, партија во која Трамп во меѓувреме двапати се враќал. Таа одамна е во неговиот круг и го поддржувала уште за време на неговата прва успешна претседателска кампања во 2016 година.

Најмногу внимание привлекла кога на „Фокс њуз“ зборувала како бранителка на Трамп, како и кога се појавила на Републиканската национална конвенција во 2016 година, кога Трамп бил избран за кандидат.


Додека таа држела говор и зборувала за Хилари Клинтон – тогашната противкандидатка на Трамп, насобраните извикувале: „Затворете ја“, на што Пем Бонди одговорила: „Затворете ја“… Тоа ми се допаѓа!“

Приватниот живот на Бонди

Како и Трамп, Бонди некогаш била демократка, па во 1984 година, кога првпат гласала, се регистрирала како членка на Демократската партија. Во меѓувреме станала жестока републиканка, а во едно интервју во 2010 година објаснила дека „секогаш била конзервативна“.

Првпат се омажила во 1990 година, за Гарет Барнс, но се развела по само 22 месеци брак.


Потоа, во 1996 година му кажала „да“ на Скот Фицџералд, од кого се развела во 2002 година, а оттогаш повеќе не се мажела, иако имала една кратка свршувачка. Од 2017 година е во врска со Џон Вејкфилд, успешен бизнисмен.