Хаос на карлинг на ЗОИ: „Слободно можеш да одe**ш“

Точка

14/02/2026

11:23

1.521

Големина на фонт

а а а

Имено, Швеѓанецот Оскар Ериксон повеќепати го обвини својот противник Марк Кенеди за мамење, тврдејќи дека двапати ги допирал камењата.

Уште една необична ситуација се случи на Зимските олимписки игри. Овојпат станува збор за инцидент што се случи на карлинг натпреварот меѓу Канада и Шведска во петокот. Канаѓаните победија со 8-6, но контроверзни испади што подоцна ескалираа во расправија не недостасуваа, а можеше да се слушне и по некоја пцовка.

Имено, Швеѓанецот Оскар Ериксон повеќепати го обвини својот противник Марк Кенеди за мамење, тврдејќи дека двапати ги допирал камењата. Во карлинг, инаку, важи правилото дека ако лицето што го фрла каменот е пред линијата за фрлање, тоа не се смета за прекршок. Меѓутоа, ако се наоѓа внатре во таа линија, тогаш тоа се смета за прекршување на правилата.

Кенеди не остана рамнодушен на обвинувањата и не го криеше својот гнев.

„Не сум го направил тоа ниту еднаш. Слободно можеш да оде**ш – луто изјави Канаѓанецот, а сè можеше да се слушне и во телевизискиот пренос.


Ериксон не се откажа од приговорите и тврдеше дека ќе покаже докази дека Канаѓанецот ги прекршувал правилата. Шведска во текот на натпреварот повеќепати се жалеше на наводни прекршоци, но безуспешно. Натпреварот мораше да биде прекинат по завршувањето на вториот енд бидејќи двете екипи се жалеа кај судиите.

„Ќе ви покажам видео по натпреварот. Ќе ви покажам снимка каде што е два метра преку hog-линијата“, изјави Ериксон.