Неверојатно, но вистинито – со поранешниот сопруг има три деца и веќе третпат носи близнаци, а со свршеникот наскоро ќе се венча и ќе се пресели во нов, поголем дом.
Еден пар од Фирт во Баварија прво добил близнаци, потоа и близначки. Сега Јасмин Шмит и нејзиниот свршеник Андреас Ритнер очекуваат уште еден пар близнаци.
„Веќе не ме изненадува“, изјавила 36-годишната Јасмин за агенцијата „dpa“. Третиот пар близнаци го очекува на почетокот на јуни. Јасмин и Андреас ги добиле близнаците Даниел и Емилио во 2023 година, а една година подоцна девојчињата Симон и Анастасија.
„Кога Јасмин ми кажа за новата бременост, ни на крај памет не ми падна дека ќе биде само едно дете“, рекол Андреас.
Германското здружение на гинеколози и акушери наведува дека близначките бремености во последните години се почести поради сè повообичаената терапија против стерилитет. Минатата година, 1,5 отсто од породувањата биле близначки.
Меѓутоа, Јасмин Шмит не одела на никаква терапија, и токму затоа е уште поневеројатно што сега е во третата близначка бременост.
Лекарката Ања Форстер од болницата во Фирт вели дека кај некои жени повеќе јајце-клетки созреваат истовремено.

Јасмин се чувствува добро, но сепак двапати неделно прима инфузија со железо. „Третата близначка бременост носи физиолошки ризици“, рекла Форстер.
Шмит и Ритнер пред себе имаат бурен период. Пред доаѓањето на третиот пар близнаци на свет, планираат да се венчаат и да пронајдат поголем стан. Тој вели дека очекува многу работа, но и многу забава со децата, како и дека сето тоа „дефинитивно е прекрасно“.