Изминатиов викенд во Бејрут, Либан, во елитниот центар „Quora“ се одржа финалето на изборот за Мис на Европа 2026 година каде две македонски претставнички направија голем успех.
Моника Црнокрак ја освои титулата петта придружничка, запишувајќи уште едно значајно признание на својата листа успеси.

Постарата ќерка на познатиот пар Мики и Светлана Црнокрак ја претставуваше Македонија во голема конкуренција од повеќе европски земји, па сепак успеа да испише уште еден успех.
Во финалната вечер Моника прошета во стилизирана македонска носија, а потоа и во долг фустан во впечатливо сино-зелена нијанса.

Од друга страна, 18-годишната Нела Јосифовска се закити со престижната титула „Miss Best Face“, односно најубаво лице на Европа за 2026 година. Главната титула Мис Европа ѝ припадна на претставничката на Русија.

Инаку, модното студио „Црнокрак“ со години ја поседува лиценцата за учество на овој престижен избор и традиционално се грижи за подготовката и настапот на македонските претставнички.
За Моника ова е второ признание од истиот избор, откако во 2023 година ја освои титулата Мис фотогеничност.
📸 Во продолжение повеќе фотографии:



















