Еден од најпрепознатливите женски вокали на македонската јавна сцена, Антониа Гиговска, официјално е новиот бренд амбасадор на женскиот ракометен клуб Атлетик.
Оваа вест предизвика воодушевување кај љубителите на спортот, а изненадување кај оние кои сакаат да слушаат квалитетна музика.
Преку емотивна и искрена објава на социјалните мрежи, младата Антониа која долги години е успешна во музичките води ја сподели својата возбуда за оваа нејзина нова улога.
Kako ŽENA, MAJKA , SESTRA i KERKA znam kolku znaci zenskata energija, zenskata sila, zenskata ljubov.. posebna e,...
Posted by Antonia Gigovska on Tuesday, February 10, 2026
🖋️ Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост:
„Како жена, мајка, сестра и ќерка, знам колку значи женската енергија, женската сила, женската љубов... Посебна е, грижлива е, јака е, моќна е! Баш таква сила претставуваат овие девојки, тие со својата убавина и љубовта према ракометот, а јас љубовта кон музиката, па некогаш во минатото и љубовта према ракометот. Ја имам таа чест да ја претставувам оваа женска сила и официјално ќе бидам новиот Brand ambassador на женскиот ракометен клуб Атлетик.
Барем сега имаат плус играч во тимот, може сум заборавила малку, но ќе ме потсетат! Ветувам дека ќе се борам за вас и со вас! Фала ви до небо, што ме одбравте баш мене.
Ве сака, Антониа!“.












