Втор гол вреден за „Пушкаш“ во период од три недели: Дембеле „измести“ двајца противници и постигна сензационален погодок

Дерби

09/02/2026

11:31

277

Големина на фонт

а а а

Усман Дембеле постигна страшен гол против Лил на средината на месец јануари и достави прва своја кандидатура за „Пушкаш“ наградата која ја доделува ФИФА, но многу лесно може да се случи Французинот да има два погодоци во изборот на Светската фудаблска асоцијација.

Францускиот репрезентативец беше расположен за игра во дербито со Марсеј кое целосно мина во знакот на ПСЖ, а покрај тоа што го отвори резултатот по додавање од Мендеш, во продолжение режираше и магија за најавните шпици.

Дембеле доби една топка од Мајулу на десната страна, а потоа следеше соло бравура од крилниот напаѓач кој заврши на најдобар можен начин.

Усман брутално „измести“ двајца ривали на Марсеј, но уште подобра беше завршницата во првиот агол од противничкиот гол.

Блесокот на Дембеле беше доволен за предност од 2:0, а ПСЖ до крајот постигна уште три гола и славеше со убедливи 5:0.