Согласно информациите од Министерството за внатрешни работи, само во текот на еден ден, на 3 февруари, системот Safe City евидентирал 650 прекршоци, од кои 24 прекршоци поврзани со управување нерегистрирани возила.
Управувањето со нерегистрирано возило преставува сообраќаен прекршок и повлекува парична казна. Доколку возилото подолг период не е регистрирано, неговото учество во сообраќајот носи ризик од санкции детектирани преку автоматските системи за надзор.

Казните за управување на нерегистрирано возило се до 500 евра. Доколку истекот на сообраќајната дозвола е до 30 дена, казната е помала, и изнесува 100 евра.
Во вакви случаи, единствен законски и безбеден начин возилото да се транспортира до станица за технички преглед, без ризик од казна на Safe City, е користење на шлеп-служба.
АМСМ Службата за помош и информации на пат, обезбедува шлепување на нерегистрирани возила, во согласност со важечките прописи.

Шлепување можете да побарате на:
⭐ На телефонскиот број 196
⭐ Онлајн преку АМСМ мобилната апликација








