Тежок пад на Линдзи Вон на Олимписките игри 2026 – легендарната скијачка евакуирана со хеликоптер

Точка

08/02/2026

15:48

1.582

Големина на фонт

а а а

Американската скијачка Линдзи Вон доживеа драматичен пад на женскиот спуст на Зимските олимписки игри во Кортина д’Ампецо и беше пренесена во болница со хеликоптер. Трката накратко беше прекината, а златото го освои Бриџи Џонсон.

Најтрофејната американска алпска скијачка Линдзи Вон доживеа тежок пад на трката во женски спуст на Зимските олимписки игри 2026 во Кортина д’Ампецо, Италија.


Само неколку секунди по стартот, Вон излета од патеката при скок и не успеа да го задржи рамнотежјето при приземјувањето. Публиката занеме додека 41-годишната олимписка шампионка остана да лежи на снегот неколку минути, по што трката беше прекината за медицинските екипи да интервенираат.


[За време на падот - Фото: REUTERS]

По укажаната прва помош, таа беше евакуирана со хеликоптер, додека навивачите и колешките скијачки ја поздравија со аплауз. Од американскиот скијачки тим соопштија дека Вон е под лекарски прегледи.

Нејзиното семејство, кое ја следеше трката, изјави дека падот се случил многу брзо и дека се надеваат на позитивни вести. Иконата на светското скијање се врати на Олимпијадата и покрај тешка повреда на предните вкрстени лигаменти само една недела претходно, ризикувајќи сè за уште една борба за злато — обид што заврши на најболен можен начин.


[Линдзи Вон во агонја после падот - Getty Images]

По паузата од околу 20 минути, натпреварувањето продолжи. Златниот медал го освои Американката Бриџи Џонсон со време 1:36.10, пред Германката Ема Ајхер (1:36.14) и Италијанката Софија Гоџа (1:36.69). Американката Џеки Вајлс заврши четврта.

Вон претходно има олимписко злато во спуст од Ванкувер 2010, како и две бронзи — во Супер-Џи (2010) и спуст (Пјонгјанг 2018).


[Линдзи Вон од Соединетите Американски Држави е евакуирана со хеликоптер по пад за време на женската трка во алпски спуст на Зимските олимписки игри 2026 во Кортина д’Ампецо, Италија, недела, 8 февруари 2026 година. ФОТО: АП]