Доколку се обидувате да престанете да пушите, постојат неколку намирници што треба да ги консумирате за што побрзо да го исфрлите никотинот од телото.
Копривата е особено ефикасна затоа што е богата со железо, па делува како средство за детоксикација, а воедно е одлична и во борбата против инфекции. Ќе го зајакне вашиот организам, што ви е особено потребно додека се ослободувате од никотинот.

Јадете целер, тиквички, модар патлиџан, грав и краставица, бидејќи тие ја намалуваат зависноста од никотин. Не јадете премногу сладок зеленчук со висок процент на шеќер, бидејќи прекумерните количини гликоза ги активираат деловите од мозокот одговорни за уживање и задоволство. Гликозата може да ја поттикне желбата.

Портокалите содржат високо ниво на витамин Ц. Јадењето портокали го забрзува метаболизмот за побрзо да го исфрлите никотинот и да го намалите стресот. Кивито исто така помага да го елиминирате никотинот од телото и да ги надоместите витамините А, Ц и Е, кои пушењето ги намалува.
Сокот од морков содржи витамини A, Б, Ц и K, кои помагаат во елиминација на никотинот од телото. Никотинот ја оштетува кожата, а сокот од морков е богат со споменатите витамини кои се добри за нејзино закрепнување.

Брокулата има високо ниво на витамин Б5 и Ц, со кои ќе го зајакнете организмот. Брокулата содржи супстанција што ги штити белите дробови од оштетувања предизвикани од токсини.
Спанаќот е богат со витамини и фолна киселина, па и тој ќе ви послужи за да се ослободите од никотинот.










