Симпсонови „знаеле“ и за Џефри Епстин? „Лудаци на остров во тајност управуваат со светот“

Точка

07/02/2026

14:00

923

Големина на фонт

а а а

Гледачите забележаа детал во анимираниот ситком „Симпсонови“ – постоење на остров во сопственост на осудениот педофил Џефри Епстин.

Во епизодата од 12-та сезона со наслов „The Computer Wore Menace Shoes“, која беше емитувана во 2000 година, Хомер креира веб-страница за ширење трачеви и лажни вести под псевдонимот Мистер Икс.

Меѓу теориите на заговор на Хомер има и референца на „лудаци на остров“, што гледачите го протолкуваа како приватниот остров на Американските Девствени Острови кој бил во сопственост на Џефри Епстајн.


Сцената од епизодата, која ја напишал Џон Шварцвелдер, а ја режираше Марк Киркланд, прикажува известување на веб-страницата на Мистер Икс на кое пишува: „Внимание: Некои лудаци на некој остров во тајност управуваат со светот“.

На социјалните мрежи следуваа бројни реакции од гледачите.

„Останав без зборови по оваа епизода“, „Ова не е ситком, туку реален приказ на нашите животи“, „Сѐ знаеле“, се дел од коментарите на „X“.

Некои корисници на социјалните мрежи наведоа дека творецот на „Симпсонови“ Мет Грејнинг наводно патувал со еден од приватните авиони на Епстин.


Низ годините, фановите се плашеа поради премногу точните предвидувања на настаните од реалниот живот. Во 2012 година, „Симпсонови“ навестија елементи од настапот на Лејди Гага на полувремето на Супербоул во 2017 година, сè до нејзината светкава облека. Исто така го предвидеа исходот од претпоследната епизода од „Игра на тронови“ кога ја пародираше серијата во 2017 година - две години пред емитувањето на епизодата.

„Симпсонови“ предвидуваа и технолошки развој, како што се телефоните што остваруваат видео повици и очилата за виртуелна реалност со кои луѓето стануваат опседнати. Тие дури предвидоа и катастрофи како пандемија и потонување на подморница.