Во февруари 2025 година Микаела Шифрин стана првата личност во скијањето со сто победи во Светскиот куп, а потоа освои и светско злато.
Најголемата скијачка на сите времиња, Американката Микаела Шифрин (30), ги шокираше фановите во пресрет на Зимските олимписки игри во Кортина. Таа објави видео во кое ги затегнува толку дефинираните мускули на грбот што изгледаат како „плочки“, демонстрирајќи неверојатна форма по една од најтешките сезони во кариерата.
Навивачите веднаш реагираа изненадени од тоа колку извајано тело има скијачката: „Ова е врв на физичка подготвеност“, гласи еден коментар.
@mikaelashiffrin Someone said this is going viral, so sharing it here too 😝…my physio informed me the other day that this is what my back muscles look like😳🤪…is this normal?!
♬ original sound - mikaelashiffrin
Враќање по хорор пад
Нејзината сила е уште поимпресивна ако се знае дека во ноември 2024 година доживеала тежок пад во Килингтон. Врвот од сопствениот стап ѝ го пробил абдоминалниот ѕид, предизвикувајќи длабока рана и сериозно оштетување на мускулите. По итна операција и два месеца закрепнување, како што изјави за „Women’s Health“, практично морала повторно да го изгради целиот труп.
И покрај паузата, таа се врати и испиша историја. Во февруари 2025 година стана првата личност во скијањето со сто победи во Светскиот куп, а потоа освои и светско злато. На Игрите во Кортина ќе брка нови медали, а со три нови одличја би се израмнила на вечната листа со шест медали покрај легендарната Јаница Костелиќ.










