Јирген Клоп ќе работи во Мадрид, но не во Реал

Макфакс

06/03/2026

12:16

628

Големина на фонт

а а а

Јирген Клоп, неколку пати изјави дека нема намера да му се врати на фудбалот во улога на тренер, но Шпанците тврдат дека од наредното лето тој ќе предводи клуб од Примера. Според шпакулациите, Клоп ќе го напушти Ред Бул, каде раководи со фудбалскиот проект. Разделбата ќе се случи бидејќи резултатите на клубовите под капа на Ред Бул се далелу од очекуваните.

Јирген Клоп, легендата на Ливерпул, во периодот кога Чаби Алонсо доби отказ во Реал Мадрид се поврзуваше со „кралскиот клуб“. Токму тогаш изјави дека нема желба да му се врати на фудбалот како тренер.

Шпанците од дрига страна носат поинакви информации. Според нив, Клоп го одбил Реал, бидејќи бил во напредни преговори со Атлетико.

Марк Роуан, мнозинскиот сопственик на Атлетико Мадрид, лично ја презел обврската да преговара со Клоп и верува дека тој е токму човекот што му е потребен на неговиот клуб.

Изгледа дека понудата на Атлетико Мадрид е очигледно премногу добра за Клоп да ја одбие и сè е подготвено за голем камбек.

Малкумина можат да го замислат Клоп како наследник на Симеоне, но според тврдењата од Шпанија, токму тоа ќе се случи следното лето.