Дизајнерката Ивана Кнез за додатоците во исхраната што ги користи речиси секој од нас: „Како резултат добив исушени тенки црева, клеточна дехидратација и пореметен метаболизам“

Точка

06/02/2026

15:45

675

Големина на фонт

а а а

Дизајнерката Ивана Кнез честопати отворено во јавноста зборува на многу теми за кои можеби повеќето не би зборувале, како нејзината борба со депресијата, вишокот килограми, зависноста од алкохол со која успешно се изборила...

Таа ги користи своите профили на социјалните мрежи за поттик кон здрав начин на живот, при што речиси секојдневно ги прикажува здравите животни навики што се труди да ги практикува во последните неколку години.

Овојпат Кнез објави долга објава, со наслов: „Не биди Ивана“, во која отворено зборуваше за тоа како и навидум здравите работи некогаш не се здрави и може да ви создадат компликации.


„Минатата година, заслепена од идејата дека не јадам бел шеќер и брашно бело (и нема да ги јадам), а доволно стрвна и зависна од благо, скоро цела година се што јадев беше поврзано со стевиа, а додуша и со нишесте кое е присутно веќе во сите млечни производи и сите врсти на прашкасти суплементи (пудинг на пример).

Како резултат добив исушени тенки црева, комплетна клеточна дехидратација и пореметен метаболизам. Супер е кога одиме со приказната пазам што јадам, арно ама се што лета не се јаде. Наместо мед пошто нели као многу калории има, јас се спржив со вештачки додатоци за кои никој скоро не зборува колку се погубни по човечкиот организам.

И како што знаете учам само од мои грешки нели, па така оваа година ќе ја посветам на нега, природна и вистинска храна за да се оправам, со состојки со познато потекло и ништо ама абсолутно ништо вештачко.


Биди промената што сакаш да ја видиш, не знам да јадам ко човек - ок ќе бројам калории. Не знам што е добро за мене - ок прво ќе истражам, а потоа ќе почнам да конзумирам. И најважно од се ЌЕ СЕ МЕНУВАМ! НЕ СЕ СЕБЕ ПРИФАЌАМ БИДЕЈЌИ СЕГА НЕ СИ СЕ ДОПАЃАМ. Редно време е да престанеме со себе прифаќањево по цена на нездрави тела, и да престанеме слепо да веруваме на слики и совети по интернет. ПРВО ИСТРАЖИ ПОСЛЕ ПРОБАЈ, и не биди Ивана, учи на туѓи грешки“, вели дизајнерката во објавата и додава:

„Ова ви е мој совет од срце, природното е тоа што ни е најблиску до генетика, да се вратиме на локално производство, да се вратиме на македонски брендови, на пазарче и на кујната дома. И кога внатре ќе си добра, ќе дојдеш кај мене и јас ќе направам да блеснеш и од надвор“.