Дончиќ се повреди и фрустрирано го напушти теренот, сензационалниот Ривс донесе победа за Лејкерс

Дерби

06/02/2026

11:32

175

Големина на фонт

а а а

Лос Анџелес Лејкерс запиша победа на домашен терен против екипата на Филаделфија, а успехот е уште позначаен ако се знае дека истиот беше остварено без најголемата ѕвезда во тимот.

Лука Дончиќ мина 15 минути на паркетот пред да се повреди и имаше скромен процент на погодени шутеви, па иако изгледаше дека Лејкерс е на добар пат да загуби, на крајот режираше пресврт и победи.

Словенецот го напушти теренот пред крајот на првото полувреме со десет поени зад своето име и во ситуација кога Лејкерс имаше речиси двоцифрена негатива, но „езерџиите“ успеаја да се прилагодат без најголемата ѕвезда и стигнаа до победа.

Домаќините славеа со 119:115, а најзаслужен за големата победа беше Остин Ривс кој беше лидер за „езерџиите“ со 35 поени зад своето име.

Леброн Џејмс придодаде во триумфот со 17 поени и 10 асистенции, додека во поразениот тим, се истакна Џоел Ембид со 35 поени, исто колку и Ривс.

Резултати:

Детроит – Вашингтон 117:126

Орландо – Бруклин 118:98

Атланта – Јута 121:119

Торонто – Чикаго 123:107

Хјустон – Шарлот 99:109

Далас – Сан Антонио 123:135

ЛА Лејкерс – Филаделфија 119:115

Феникс – Голден Стејт 97:101