Синот на Руни ја импресионирал управата на клубот, Јунајтед му нуди нов договор и прва парична заработка

Дерби

06/02/2026

12:58

286

Големина на фонт

а а а

Вејн Руни има свој наследник во фудбалот, а тоа е неговиот син Каи кој на рана возраст реши да ги следи чекорите на својот славен родител кој испиша историја во Манчестер Јунајтед.

Името на Руни вечно ќе биде запишано во историјата на великанот од „Олд Трафорд“ поради тоа што Вејн е најдобар голгетер кој го носел црвениот дрес, но многу брзо, може да дојдеме до ситуација да го гледаме и неговиот наследник Каи во првиот тим на Јунајтед.

Во фаза кога многу младинци се почесто добиваат шанса во првите тимови, Каи Руни е еден од 14-тмината таленти на Јунајтед кои ќе добијат нови договори и стипендија, а со тоа и шанса да се надградуваат на едукативен и професионален план.

Каи Руни неодамна го одигра првиот натпревар за силни У-18 тим на Јунајтед и врза четири натпревари оттогаш, а во меѓувреме постигна и еден гол.

Според информациите, Каи се прикажал во навистина добро светло и ги задоволил скаутите со својот потенцијал, поради што во најбрзо можно време ќе му биде понуден едногодишен договор вреден 50 илјади фунти.

Оваа сума е своевидна стипендија и еден вид на стимул за да продолжи по патот кој го зацртал, бидејќи Каи во овој момент има само 16 години.

Наследникот на Руни игра на поразлична позиција од својот татко, односно делува на десната страна и повеќе се афирмира како десно крило.