Симеоне воодушевен од дебито на големото јануарско засилување: Добивме играч со поразлични квалитети

Дерби

06/02/2026

11:25

127

Големина на фонт

а а а

Адемола Лукман се претстави во најдобро можно светло во новата средина и постигна гол и запиша асистенција на дебито за Атлетико Мадрид, издание со кое најави дека ќе биде огромно засилување за Атлетико Мадрид.

За разлика од Џакомо Распадори кој после само шест месеци беше ослободен од Атлетико, Лукман од прв ден демонстрираше дека може да придонесе многу во новата средина, а воодушевен од неговиот настап остана и Чоло Симеоне.

– Карактеристиките кои ги има Лукман доволно говорат, не треба да кажувам ништо повеќе. Тој е играч со поразлични квалитети од сите кои ги имаме во тимот. Покрај тоа што е многу силен во ситуација еден на еден, тој ни носи солуции на повеќе позиции на теренот.

– Имаше огромно влијание врз тимот уште од стартот, тој е искусно момче и веќе има 28 години. Дојде да ни помогне и се надеваме дека и ние него ќе му помогнеме.

– Се уште може да напредува, се уште може да расте, тој е играч со поразлични карактеристики и сигурни сме дека ќе не направи подобри, – изјави Симеоне.

Атлетико Мадрид го декласираше Бетис со 0:5 на негов терен во Севилја, па така го обезбеди последниот билет во полуфиналето на Копа дел Реј.