Навивачите на Фенербахче предизвикаа контроверзи со начинот на кој го пречекаа Канте

Дерби

06/02/2026

11:23

158

Големина на фонт

а а а

ФИФА мораше да дава посебно одобрение за да се реализира најавениот трансфер на Нголо Канте во Фенербахче, а откако пристигна посакувана вест од врвот на светскиот фудбал, навивачите на Фенербахче режираа вистинска фешта во Истанбул.

Французинот ја доживеа судбината на голем број фудбалски ѕвезди кои се преселија во Турција, па уште на аеродромот доби пречек кој сигурно ќе го памети долго време.

Поранешниот светски шампион се одлучи да направи трансфер во Турција по етапата во Саудиска Арабија, но неговиот пречек предизвика и одредени контроверзи, пред се поради неколку навивачи на Фенербахче.

Неколкумина решија да си го офарбаат лицето во црна боја со цел да бидат пооргинални во пречекувањето на новото засилување, меѓутоа нивниот потег од дел од јавноста беше сфатен и како контроверзен, односно расистички.

Нголо потпиша две иполгодишен договор со Фенербахче, па јасно е дека тој треба да биде големо засилување во средниот ред за тимот во кој веќе има звучни ѕвезди како Едерсон, Фред, Гендузи, Асенсио и Талиска.