Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани – Штип

A1ON.MK

02/02/2026

20:57

245

Големина на фонт

а а а

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тракање.

Според првичните информации несреќата се случила меѓу три возила.

Како што велат надлежните од СВР-Штип, има и повредени лица, но во моментов не се знае со какви повреди се.

Во тек е увидот на местото на несреќата од страна на истражните органи, а патот е затворен за сообраќај.

Возилата се пренасочуваат кон регионалниот пат Кочани-Штип.

Според АМСМ експресниот пат Кочани-Штип е затворен од 19.10 часот.