Ракометарот Дејан Манасков (33), кој настапува за македонската ракометна репрезентација и РК Еурофарм Пелистер, во саботата стапи во брак со својата сакана Билјана Стојановска.
Првите моменти од свадбената церемонија ги сподели пејачката Тамара Тодевска, која на својот Инстаграм објави неколку кратки видеа, откривајќи дел од атмосферата на овој свечен и емотивен ден.



Дејан е кум на децата на Тамара, Хана и Дарен, кои исто така присуствуваа на прославата.

Невестата Билјана заблеска во елегантна бела венчаница од македонскиот моден дизајнер Игор Марков, надополнета со лелеава наметка со перја, а подоцна се пресоблекла во шик сатенска тоалета. Билјана изгледала гламурозно, додека младоженецот бил во елегантно издание, во согласност со свечениот повод.

Среќната двојка е во врска веќе извесен период и често споделува моменти од заедничките патувања, поддршката на спортските терени и впечатливите модни изданија. Билјана е вработена во маркетинг секторот на Телевизија Канал 5.
Инаку, Билјана е во деветтиот месец од бременоста, а според нивните најблиски, младенците ги очекува најубавиот период во животот.















