Ги предупредила возачите за радар, па добила висока казна

Точка

02/02/2026

08:20

2.605

Големина на фонт

а а а

Во некои европски држави ваквите предупредувања се забранети.

Минатото лето, 60-годишна жена објави статус на „Facebook“. Во него предупредуваше на камера за мерење брзина со која управува регионалната полиција во Рордорферберг-Ројстал, во кантонот Аргау во Швајцарија.

Станува збор за подрачје кое редовно е под надзор поради честите прекршоци на пречекорување на дозволената брзина.


Истрагата за објавата на „Facebook“ била поведена по пријава од трето лице, а надлежните наведуваат дека не ги следат активно и систематски објавите на социјалните мрежи, пишува „Revija HAK“.

Во Швајцарија, јавното предупредување за сообраќајни камери е казниво со закон веќе 13 години. Тоа ги вклучува и објавите споделени на социјалните мрежи, бидејќи се сметаат за попречување на спроведувањето на законот.


Поради тоа, жената била прогласена за виновна за кршење на сообраќајните прописи.

Според казнениот налог издаден од Јавното обвинителство во Баден, кој стапил на сила во декември, таа се соочува со парична казна од 200 швајцарски франци (околу 220 евра).


Овој износ се зголемува на 600 франци (околу 660 евра) кога ќе се вклучат и судските трошоци. Доколку казната не биде платена, ѝ се заканува и дводневна затворска казна.