Колку животот е само непредвидлив, суров и честопати неправеден, докажа и овој претпоследен јануарски ден.
Денес, нè напушти Тихомир Јанчовски. Поетот, кој живееше ненаметливо, мирно и тивко – така и си замина. Без збор. И ќе недостига, многу. Неговото семејство ја потврди оваа тажна вест на социјалните мрежи.
„Нема веќе заеднички слики од славата. Нема веќе ништо, не напушти. Тихо го нема. Си отиде. Јас немам сила да пишувам повеќе. Знам колку сте многу што го сакавте. Ќе споделиме како ќе се простиме понатаму“, осамна на неговиот Фејсбук профил објавата која ги шокираше неговите пријатели, следбеници и луѓе почитувачи на Тиховиот лик и дело.
Нема веќе заеднички слики од славата. Нема веќе ништо, не напушти. Тихо го нема. Си отиде. Јас немам сила да пишувам повеќе. Знам колку сте многу што го сакавте. Ќе споделиме како ќе се простиме понатаму.
Posted by Тихомир Јанчовски on Friday 30 January 2026
Од поетот се прости и Јовица Ивановски, поет и пријател. „Староста може, а и не мора да се дочека“ е наслов на една твоја книга. Сеедно, ти требаше да ја дочекаш и имаше зошто. Збогум, Тихомир Јанчовски, слава ти! – напиша тој.
„Староста може, а и не мора да се дочека“ е наслов на една твоја книга. Сеедно, ти требаше да ја дочекаш и имаше зошто.
Збогум Тихомир Јанчовски, слава ти!
Posted by Jovica Ivanovski on Friday 30 January 2026
И Друштвото на писателите на Македонија се огласија на својот Фејсбук профил. Во своја објава посветена на Јанчовски, пишува дека со својата автентичност и креативност останува еден и од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата „Орце Николов“ во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје.
Со длабоко жалење и со огромна тага известуваме за прераното заминување на нашиот драг Тихомир Јанчовски: поет, писател,...
Posted by Друштво на писателите на Македонија - Macedonian Writers' Association on Friday 30 January 2026
Јанчовски имаше 58 години.
Тој е автор на над триесет книги, главно поезија, преводи, романи и една книга историја. На 23 јануари на својот профил на Фејсбук објави дека излезе книгата „60 икони на Мајката Божја“ од Аријан де Сен-Марк чиј уредник и преведувач е Јанчовски и најави промоција за еден месец.
Во 2024 одбележа 25 години творештво, а истата година со Бранислав Николов го создава поетскиот перформанс „Волкот на љубовта“. Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, присутен е во голем број антологии, а има и четири целосно преведени книги на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик.

Јанчовски е дипломец на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје во 1991. Специјализирал во Будимпешта, на Катедрата за Средновековни студии на Централно Европскиот Универзитет. Магистрирал современа историја на УКИМ во 2010.
















