Пејачот Марк Ентони и неговата 31 година помлада сопруга, манекенката Надија Фереира имаат прекрасни вести.
Тие неодамна ја прославиja третата годишнина од бракот, а на социјалната мрежа Инстаграм си ја честитаа годишнината еден на друг на најубав можен начин.

„Среќна трета годишнина од бракот. Каков прекрасен подарок нѝ подари животот. Бог е голем, Маркито ќе стане постар брат“ напишаа во објавата.
Имено, познатиот пар преку фотографија од трудничкиoт стомак на Надиjа – кој го милуваат рацете на пејачот, Надија и нивното прво дете – откри дека нивното семејство ќе стане побогато за уште еден член.
Ова ќе биде второ дете за 26-годишната Надија, а осмо за 57-годишниот пејач.
Потсетуваме, Марк и Надија се венчаа во 2023 година, а свадбата ја организираа во музејот „Pérez Art“ во Мајами.
Кум на свадбата им беше Дејвид Бекам, а меѓу гостите се најдоа и Салма Хајек, градоначалникот на Мајами Френсис Суарез, Ромео Сантос, Луис Фонси и многу други.
Добитникот на „Греми“ веќе има две возрасни деца со поранешната девојка Деби Росадо и две возрасни деца од бракот со поранешната Мис Универзум, Дајанара Торес.
Исто така, има близнаци од бракот со пејачката и актерка Џенифер Лопез.