Пијан удрил во паркирано возило: Стружанец имал 2,25 промили алкохол во крвта

Макфакс

29/01/2026

12:28

168

Големина на фонт

а а а

Вчера во 18:20 часот на ул.„Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода И.М.(36) од Струга.

Претходно, тој управувајќи патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, паркирано од Б.М.(23) од с.Франгово, струшко.

По преземени мерки и извршени проверки е констатирано дека И.М. е под дејство на алкохол, односно дека има 2,25 промили алкохол во крвта, по што е задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”, соопшти полицијата.