Една жена тврди дека веганската исхрана имала толку лош ефект врз нејзиното здравје што се префрлила на исхрана само со месо. Денес, таа го започнува утрото со стек и вели дека, барем според нејзиното искуство, тоа бил единствениот начин да се чувствува подобро.
Станува збор за 24-годишната Кристина Дан од САД, која преминала од исхрана базирана на растенија на таканаречена месојадна исхрана, бидејќи верува дека ова е најдобриот начин на исхрана за луѓето.

Во видеото, кое има 5,3 милиони прегледи, Кристина го покажала моментот кога повторно пробала стек за првпат по многу години. Таа ја објаснила дека ја донела одлуката поради здравствените проблеми со кои се борела.
„Страдав од тешки проблеми со варењето, хормонски проблеми и цистични акни“, рекла таа, па додала: „Веганството брзо го уништуваше моето тело. Знаев дека морам фундаментално да променам нешто“.
Претходно, тврди таа, не јадела до попладне, а потоа јадела еден или два големи оброци пред спиење. Денес, таа јаде многу месо во текот на денот, а вели и дека понекогаш јаде сирова храна од животинско потекло.

Кристина проценува дека јаде околу два килограми месо на ден, претежно сирово.
Во коментарите имаше и луѓе кои тврдат дека имале слични искуства откако преминале од веганска на месна исхрана.

„И јас бев веган неколку години и тој прв залак месо беше сè“, напишал еден корисник. „По две и пол години без месо, плачев кога го каснав стекот. Како моето тело да речеше: „конечно“, додал друг. „Тоа бев јас по две години веганство. Никогаш не се вратив“, гласел третиот коментар.
Сепак, имало и скептични реакции. „Сигурна сум дека грчевите во стомакот ве убиваа после тоа“, напишал еден корисник.