Ди Марија посебно му „фрлил око“ на играчот кој чека вистинска шанса од Реал: Има енормен потенцијал

Дерби

28/01/2026

11:29

244

Големина на фонт

а а а

Анхел Ди Марија остана во тесна врска со Реал Мадрид и покрај тоа што на болен начин си замина од шпанската престолнина, односно беше принуден да ги спакува куферите откако „кралевите“ го купија Хамес Родригез.

Аргентинецот остави свој белег во Реал и беше дел од тимот кој ја освои толку очекуваната „Ла Десима“, а како Аргентинец кој триумфираше на „Сантијаго Бернабеу“, сега искажува посебни симпатии кон сонародниците кои се под договор со шпанскиот великан.

Во овој момент стандарден првотимец е Франко Мастантуоно, но Ди Марија вели дека посебно му „фрлил око“ на Нико Паз кој игра како позајмен играч во Комо.

– Мастантуоно го споредуваат со мене, но тој е поталентиран и подобар дриблер од мене. Тој е топ играч уште сега. Знам дека доби критики во периодот кога се критикуваше и Чаби, но цела кариера е пред него.

– Покрај Мастантуоно, посебно на око го држам Нико Паз. Тој има енормен потенцијал и може само да расте како играч. Редовно го гледам како игра и неговото ниво е многу високо. Игра спектакуларен фудбал и покажува знаци дека расте од меч во меч. Ако продолжи така, ќе донесе големи радости за Аргентина.

– Тој дефинитивно е играч за Реал Мадрид, но има и еден проблем. Реал има многу добри играчи, а да го доведете назад само за да седи на клупа, нема да биде добро. Во Комо прави многу добри работи, игра со самодоверба и е подобар од минатата сезона. Среќен сум за него, сигурен сум дека ќе дочека момент да игра за голем клуб, – изјави Ди Марија за „АС“.