Реал Мадрид и Бенфика ќе се соочат во Лигата на шампионите во ситуација во која двете екипи се во многу поразлична ситуација, а португалскиот претставник мора да оди на победа доколку сака да има шанса за пласман во плејофот на елитното натпреварување.
По поразот од Јувентус, Жозе Мурињо ги подготвува „орлите“ за соочување со неговиот поранешен клуб, кој пак е предводен од Алваро Арбелоа, фудбалер со кого „Специјалниот“ соработуваше токму во Реал.
Арбелоа на прес-конференцијата во очи натпреварот истакнал дека Мурињо секогаш ќе биде „мадридиста“ и за него има голем респект како човек и тренер.
– Го кажав тоа и првиот ден кога станав тренер, никогаш нема да се повтори човек како Мурињо. Секој кој ќе се обиде да го имитира ќе доживее неуспех, а јас тоа го знам уште од првиот ден и се обидувам да одам по сопствениот пат.
– Знам кој е Мурињо, претпоставувам колку му е зафатен телефонот, па разбирливо е што го менува бројот толку често. Се обидувам да го вознемирувам што поретко, но тој е еден од оние пријатели со кои можеш долго да не контактираш, а сепак да ти одговорат на повик и во 3 часот наутро.
– Реал освои многу трофеи во ЛШ со Анчелоти и Зидан, но работата на Мурињо беше важна подлога за тоа што се случи по неговото заминување. Затоа тој секогаш ќе биде еден од нас, – рекол Арбелоа.








