Две возила „ауди“ опожарени за само час и половина во Скопје

Макфакс

27/01/2026

13:52

290

Големина на фонт

а а а

Две патнички возила oд марката „ауди“ се опожарени во текот на ноќта во одделни инциденти на различни локации во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Првиот случај бил пријавен на синоќа, околу 02:00 часот по полноќ, кога на паркинг на улицата „Христо Татарчев“ било опожарено возило марка „Ауди“ со скопски регистарски таблички, сопственост на 20-годишниот Г.Ч. од Скопје. Пожарот го изгаснала екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

Кусо подоцна, во 03:30 часот, бил пријавен уште еден пожар на паркинг на улицата „Лазар Димитров“, каде било опожарено патничко возило „Ауди А4“, исто така со скопски регистарски ознаки, сопственост на 61-годишната Р.Л.Г. од Скопје. И во овој случај, интервенирала противпожарната служба, а нема пријавени повредени.

Во двата случаи, увид извршила екипа од СВР Скопје, а околностите се испитуваат.