Манчестер Јунајтед во изминатите осум дена изгледаше подобро од сите претходни 14 месеци под водство на Рубен Аморим, а тоа ги натера легендите на клубот да излезат со низа позитивни впечатоци за играта која ја прикажа тимот, особено на две исклучителни тешки дерби пресметки.
Мајкл Карик го презема кормилото и дебитираше со извонредна партија и победа против Манчестер Сити, но осум дена подоцна, пристигна уште поголем подвиг бидејќи триумфот над Арсенал беше остварен на гостински терен.
Двете победи против најдобрите два тима во Премиер лигата сигурно позитивно ќе влијаат врз самодовербата на самите играчи, а еден од оние кои најмногу напредуваат во последно време е Патрик Доргу.
Левиот бек добива далеку поофанзивни улоги и практично игра како лево крило, а после евроголот кој го постигна на „Емирејтс“, доби пофалби и од Гери Невил.
– Патрик Доргу изгледаше како просечен лев бев под водство на Рубен Аморим. Сите бевме свесни дека може да допринесе нешто повеќе во напад, а сега изгледа како целосно друг фудбалер. Постигна неверојатен гол кој беше многу важен, тоа сигурно е најубав гол во неговиот живот.
– Тој работеше напорно и под водство на Аморим, но очигледно беше игран на погрешна позиција. На последните натпревари, дури и Аморим го користеше како крило, а сега добивме потврда дека тој дефинитивно е крило, а не бек. Очигледно е дека може да претставува голема опасност кога игра поблиску до противничкиот гол, – вели Невил.







