Угледниот „АС“ тврди: Чаби го остварил првиот контакт за преземање на фудбалски великан

Дерби

25/01/2026

13:52

426

Големина на фонт

а а а

Чаби Алонсо остави недовршена работа во Реал Мадрид и заработи отказ на почетокот на месец јануари, или веднаш по големото „Ел Класико“ дерби кое го загуби во Суперкуп финалето во Џеда.

После цели два месеци во кои работеше под голем притисок, Алонсо не успеа да донесе потребна стабилност и беше отпуштен од Флорентино Перез, одлука која предизвика и голем револт меѓу фан базата на Реал Мадрид.

Добар дел од јавноста смета дека Чаби не доби доволно време за да ги развие своите методи и да ги пренесе своите идеи, но и покрај тоа што неговото време на „Бернабеу“ заврши неславно, Алонсо останува исклучително популарен за голем број европски клубови.

Во првата фаза по отказот, Алонсо е оддалечен од сите шпекулации кои го поврзуваат со експресно преземање на друг клуб, но угледниот „АС“ сега тврди дека доскорешениот тренер на Реал Мадрид остварил први контакти за преземање на добро познат тим за него по крајот на оваа сезона.

Како што информира добро упатениот шпански медиум од престолнината, Алонсо добил повик од претставници на Ливерпул и ги остварил првите контакти за евентуално преземање на тимот, а направената комуникација била крајно позитивна.

Според изворот на „АС“, Ливерпул веќе се подготвува за нова ера по Холанѓанецот Арне Слот, а иако ќе му се даде шанса да ја доврши сезоната, планот на клубот е да го ангажира Чаби Алонсо во раната фаза на месец јуни и да почнат подготовките за целосно нов проект во сезоната 2026/27.