6 основни намирници за жени над 60 години: За правилно функционирање на мозокот, цревата и срцето

Точка

24/01/2026

12:02

411

Големина на фонт

а а а

Нутриционистите им препорачуваат на жените над 60 години шест основни намирници кои се одлични за работата на мозокот, цревата и срцето.

По 60. година, сите експерти се согласуваат дека е време да ја преиспитате исхраната. Правилната исхрана ви овозможува да живеете поактивен живот, да се чувствувате поенергично и да го намалите ризикот од хронични заболувања.

Нутриционистите идентификуваа шест намирници кои се особено важни за повозрасните жени:

Јаткасти плодови – ореви

Мала порција (до 30 g) обезбедува омега-3 масни киселини од растително потекло, антиоксиданти и полифеноли, кои го намалуваат ризикот од деменција и срцеви проблеми. Истражувањата покажуваат дека жените кои јаделе ореви двапати неделно имаат помали шанси да страдаат од болести поврзани со стареењето по 65. година.


Јаткасти плодови – ф’стаци

Го подобруваат видот бидејќи содржат лутеин, протеини и здрави масти. Рака ф’стаци дневно го подобрува метаболизмот и ја намалува воспаленоста.

Мешунки (леќа, наут, грав)

Овие намирници се богати со протеини, што значи дека го забавуваат губењето на коскената и мускулната маса и помагаат во зачувување на силата и виталноста.


Лиснат зеленчук (спанаќ, кељ, рукола и друго)

Задолжително вклучете го во исхраната. Содржи витамин К, фолати и антиоксиданти кои помагаат во забавување на когнитивниот пад и зачувување на здравјето на коските.

Овошје и јагодесто овошје (брусница, суви сливи)

Брусниците ја подобруваат функцијата на бубрезите и мозокот, додека сувите сливи помагаат за варењето и здравјето на цревата.


Дополнителни совети

Покрај правилната исхрана, експертите препорачуваат редовен сон, умерена физичка активност (танцување, јога или пешачење) и одржување на социјални врски. Овие фактори го намалуваат ризикот од предвремена смрт и помагаат во зачувување на менталната јасност дури и во подоцнежните години.