[ВИДЕО] „Како толку успешна жена може вака да се понижува?“ Поради потегот на Селена Гомез ниту нејзините најголеми обожаватели „не можат да ја бранат“

Точка

04/03/2026

13:47

678

Големина на фонт

а а а

Популарната актерка, пејачка и претприемачка Селена Гомез, која пред една и пол година се најде на листата на холивудски милијардери, веќе извесно време е во среќен брак со продуцентот Бени Бланко, кој често привлекува внимание на социјалните мрежи.

Неодамна тој се најде во центарот на вниманието кога во едно видео покажа како лежи на софа со валкани стапала, а Селена на негативните реакции одговори така што – му ги бакна стапалата пред камерите.

Селена Гомез ги бакна валканите стапала на Бени Бланко

Сè се случило во новата епизода на поткастот „Friends Keep Secrets“, кој Бланко го води со Лил Дики и Кристин Баталуко, а парот, како што пишува „People“, споделил увид во нивната „здрава“ врска.

Во текот на оваа епизода, Гомез, која седела на подот, се наведнала кон валканите стапала на својот сопруг и му бакнала еден прст среде разговорот. Бени, кој зборувал во тој момент, застанал, ја погледнал сопругата, се насмевнал и се свртел кон своите колеги од поткастот.

„Ви се допаѓа ли тоа?“, рекол Бени и додал дека нему му се допаднал овој потег на актерката.

„Се чувствувам добро поради тоа. Многу те сакам“ ѝ порачал на Селена.

Реакциите на обожавателите на популарната пејачка и актерка, очекувано, беа негативни. „Дали ова е ритуал на самопонижување?“, „Би сакал да знаеме помалку за овој пар“, „Како една толку успешна жена може вака да се понижува?“, „Жал ми е, повеќе не можам да ја бранам“, „Ова го враќа феминизмот со векови наназад, имајте малку самопочит“ … се само дел од коментарите.

Подоцна во оваа епизода, Гомез му кажала на сопругот дека смета дека нивната врска „веројатно е многу здрава“ и дека тоа е „една од најдобрите работи во животот“.


Бракот на Селена Гомез и Бени Бланко

Гомез е една од најпопуларните млади жени во светот и постигна огромен успех во музиката, глумата, како и во бизнисот и хуманитарните активности.

Добитничка е на бројни награди, меѓу кои „American Music Awards“, „Billboard Music Awards“, „MTV Video Music Awards“ и „People’s Choice Awards“; била номинирана и за „Grammy“ и „Latin Grammy“, како и за „Emmy“ и „Златен глобус“.


Актерката и основачка на брендот „Rare“ во 2024 година стана милијардерка, а зад себе има долгогодишна борба со здравјето – лупус, успешна трансплантација на бубрег, како и проблеми со менталното здравје, депресија и анксиозност.


Нејзиниот сопруг Бени Бланко е американски музички продуцент и текстописец кој стои зад големи хитови на Ријана, Кејти Пери, Џастин Бибер и многу други ѕвезди. Има освоено голем број награди, а познат е по тоа што во музичката индустрија е „зад сцената“ креатор на звукот на многу глобални поп-хитови и успешни синглови.


Со Селена се познаваат со години, а врската ја започнале во јануари 2023 година. Оттогаш снимија и заеднички албум „I Said I Love You First“, а се венчаа во септември 2025 година во Санта Барбара.