Од луксузни швајцарски икони до скромни и практични модели – часовниците што ги носат лидерите на НАТО откриваат многу повеќе од само време. Специјализираниот сајт I Fuckig Love Watches (IFLW) објави интересна листа на часовници што ги носат лидерите на земјите членки на НАТО. Меѓу нив се најде и македонскиот премиер, со часовник кој се вклопува во трендот на дискретна елеганција меѓу светските државници.
Специјализираната платформа за часовници I Fucking Love Watches (IFLW) неодамна објави истражување посветено на часовниците што ги носат шефовите на влади на земјите членки на НАТО. Листата опфаќа 20 од вкупно 32 лидери, а меѓу нив се најде и македонскиот премиер - Христијан Мицковски.

Според објавата на IFLW, на раката на премиерот Мицковски е забележан IWC Portofino Chronograph – елегантен и класичен швајцарски часовник, чија вредност се проценува на околу 6.900 долари. Станува збор за модел кој често го избираат личности што преферираат ненаметлив луксуз и традиционален дизајн.

Во истото истражување, IFLW наведува дека изборите на часовници кај НАТО лидерите значително варираат – од луксузни брендови како Vacheron Constantin и Montblanc, до попристапни и практични модели од Tissot, Hamilton и Skagen. Токму тоа, според порталот, покажува дека часовникот е личен избор, а не само симбол на статус.
Од IFLW наведуваат дека истражувањето продолжува и дека за 12 НАТО лидери сè уште немаат потврдени информации за часовниците што ги носат во јавноста.


















