Слот го истакна ефектот на еден играч врз екипата: Мора да внимаваме на него

Дерби

23/01/2026

13:17

341

Големина на фонт

а а а

Ливерпул утре има незгодно гостување кај Борнмут во Премиер лигата, а позитивна вест за менаџерот Арне Слот е и враќањето на Мохамед Салах во тимот.

Крилниот напаѓач ги заврши обврските кон националниот тим на Африканскиот куп на нации, Слот вели дека е во комбинација за настап, но дополнително ќе одлучи дали да биде стартер.

Истовремено, менаџерот на Ливерпул истакнал еден фудбалер кој го импресионирал со своите настапи последниот месец.

– Една од причините зошто Фримпонг одигра толку многу натпревари е тоа што тој беше единствениот играч, пред да се врати Мо, кој го имав на десната страна.

– Тоа ги зголемува шансите фудбалерот да добие минутажа, но исто така е и ризик, бидејќи тој беше во аут долго време оваа сезона, а сега мора да игра речиси секој натпревар и, како што можете да видите, е интензивен играч. Со тоа мислам дека кога трча, кај него се подразбира дека тоа е спринт, бидејќи е толку брз. Затоа мора добро да се грижиме за него, но факт е дека тој имаше големо влијание откако почна да игра, – рекол Слот.