[ФОТО] Требало да биде најлуксузниот облакодер во метрополата, а денес го нарекуваат „кула на духови“: Како овој грандиозен проект доживеал потполно фијаско?

Точка

22/01/2026

16:59

685

Големина на фонт

а а а

Европјаните обожаваат Тајланд, особено во зимските месеци, а неизбежна станица при патувањето низ оваа чудесна азиска земја за многумина е и главниот град Бангкок.

За да уживаат во еден од најубавите погледи кон градот, авантуристите се искачуваат на кулата „Сатон Јуник Тауер“ (Sathorn Unique Tower). Истата се наоѓа во квартот Сатон, на само неколку минути пешачење од истоименото пристаниште, кое е исто така многу популарна почетна точка за многу излети. Но, споменатиот облакодер е познат и како „кула на духовите“, која, наместо оаза за елитата, стана место каде денес доаѓаат само уметници кои цртаат графити и урбани истражувачи.

Сè наеднаш застанало кога Азија ја погодила тешка финансиска криза

Сатон Јуник Тауер во Бангкок требало да биде луксузна кула со 47 ката и 600 станови и канцеларии. Архитектот Рангсан Торсуан го проектирал, но нејзината изградба е запрена за време на финансиската криза во 1997 година, кога пазарот на недвижности во Тајланд се срушил, по што многу компании кои го финансирале овој проект банкротирале.


Во тој период, Бангкок останал со повеќе од 300 недовршени облакодери. Иако синoт на Рангсан, Панзит Торсуан, кој се приклучил на семејната компанија во 2004 година, се обидел да го оживее проектот откако економијата се опоравила, тоа за жал не му успеало, иако дури 80 отсто од главната конструкција на зградата веќе било завршено кога земјата ја погодила кризата.

Тука е и апсењето поради планирано убиство на висок член од Владата

Но, гледано наназад, злокобната судбина очигледно ја следела оваа кула од самиот почеток. Имено, во контроверзниот случај од 1993 година, кој се расплеткувал уште следните 15 години, архитектот Рангсан бил уапсен поради наводно планирање убиство на тогашниот претседател на Тајландскиот врховен суд, Праман Чансуе.


Рангсан бил прогласен за виновен во 2008 година, а ослободен дури во 2010 година. Но, архитектот повеќе не можел да обезбеди финансиска поддршка за своите проекти, поради што самата изградба на Сатон Јуник Тауер значително задоцнила. Облакодерот до денес останал недовршен и празен, па не е чудно што со текот на времето добил и нималку привлечен прекар „кула на духовите“.

Недовршениот облакодер своевремено послужил како кулиса за хорор филм

Зградата денес е популарна дестинација за урбани истражувачи. Иако официјално е затворена за јавноста, пристап до неа наводно може да се добие преку поткуп на обезбедувачите на лице место. Сатон Јуник Тауер повторно се најде во центарот на вниманието во декември 2014 година, кога на неговиот 43. кат било пронајдено телото на шведски турист, кој таму извршил самоубиство.


Синот на архитектот, Панзит Торсуан, во 2017 година дозволил Музејот Сијам да одржи семинар во напуштената зграда како дел од својата изложба во спомен на 20-годишнината од финансиската криза, а „кулата на духовите“ некогаш послужила и како локација за снимање на хорор филмот „The Promise“.

Авантурите, и покрај препораките за опасност, се искачуваат на врвот за да уживаат во погледот


Постојат и неколку морничави верувања поврзани со овој недовршен облакодер. Некои, на пример, веруваат дека зградата е опседната затоа што теренот на кој се наоѓа некогаш бил гробиште.


А вечната дилема дали денес тука сеуште се присутни духовите на мртвите ја оставаме на љубопитните туристи жедни за авантура, кои се искачуваат на врвот на оваа за многумина морничава зграда за да, ако ништо друго, уживаат во спектакуларниот панорамски поглед кон реката Чао Праја…