Извадил пушка пред адвокатска канцеларија во Кичево и се заканувал: Уапсен маж од кичевско

Макфакс

22/01/2026

11:25

151

Големина на фонт

а а а

Вчера во 15:30 часот, во ОВР Кичево лишен од слобода е 47-годишниот Ф.Б. од кичевското село Туин откако претходно, пред адвокатска канцеларија во Кичево, од своето возило извадил пушка и упатил закани кон едно вработено лице.

Се преземаат мерки за целосно расветлување по што, против Ф.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.