[ВИДЕО] Урагански ветришта и поплави во Грција: двајца загинати

Нетпрес

22/01/2026

11:15

782

Големина на фонт

а а а

Големото невреме со поројни дождови што вчера однесе два човечки животи, зад себе остави и големи штети на инфраструктурата на југот на Грција, односно во регионот Атика и на Пелопонез.

Во атинската населба Ано Глифада, 56-годишна жена вчеравечер го загуби животот кога, движејќи се пеш низ поројните води, била беше повлечена од автомобил носен од надојдените води на една улица, по што таа влегла во „сендвич“ кога тој автомобил удрил во друг. Кога дошле пожарникарите, жената веќе била без знаци на живот.

Друга жена која речиси била однесена од водите во Ано Глифада била спасена од минувач.

На полуостровот Пелопонез исто така се случил инцидент со трагичен крај, кога кај Паралио Астрос, припадник на крајбрежната стража што проверувал дали бродовите и чамците се безбедни, се удавил.

Кога забележал дека еден од чамците не бил правилно врзан, во обидот да го „осигура“, бил удрен од голем бран, се лизнал, ја удрил главата и паднал во морето. Веднаш бил повлечен од еден од разбеснетите бранови и потоа се удавил.

Според Костас Цигас, претседател на противпожарната служба, феноменот во Атика се смирил и се движи северно-североисточно.

„Во овој момент нема значителни проблеми. Сепак, Противпожарната служба вчера прими 670 повици само за регионот Атика, вкупно 1.000 за цела Грција, Западна Грција и Пелопонез. 470 беа за испумпување вода. Останатите повици беа за сечење дрвја и пружање помош на нашите сограѓани кои беа заробени во автомобили поради снежни врнежи во остатокот од Грција, како што се Калаврита, Агио и Епир, кои немаа синџири. Во овој момент тука во Атика, во областа Вари, Глифада, Агија Параскеви, Калитеа и целиот овој јужен дел, во основа, 183 екипи работат со испумпување вода од подруми и од имоти. (…) Главниот проблем се многу донесени материјали што дојдоа и блокираа многу бунари, автомобили што се движат поради интензитетот на водите, кои затворија некои патишта во текот на ноќта. Не застанавме. Сите екипи се надвор за да можеме да ги намалиме проблемите, за да можат Атина и цела Атика што е можно поскоро да се вратат во нормалност“, рече тој за грчката национална телевизија ЕРТ.