[ФОТО] Кирија 170 евра, а оброк во ресторан едно евро: Луѓето масовно се селат во оваа држава зошто животот е како на филм

Точка

21/01/2026

16:19

2.661

Големина на фонт

а а а

Кејси, инфлуенсерка која се преселила во Виетнам минатата година, го опиша својот нов дом како „вистински рај“ не само поради прекрасниот пејзаж, туку и поради екстремно ниските трошоци за живот. Според неа, киријата може да биде ниска и до 150 фунти (околу 170 евра), додека оброците во рестораните чинат само околу 1 фунта (околу 1 евро).

Виетнам прогласен за најдобро место за живеење

Во 2024 година, Виетнам е прогласен за најприфатливо место за живеење во светот по четврти пат, според анкетата на „Expat Insider“ 2024 спроведена од „InterNations“.

„Forbes“ објави дека 86% од анкетираните странски државјани ги оцениле трошоците за живот високо, повеќе од двојно од глобалниот просек од 40%.

Половина од анкетираните рекле дека трошоците за живот во Виетнам се „многу прифатливи“, далеку над глобалниот просек од 12%.


Кејси моментално живее во Да Нанг, живописен крајбрежен град во централен Виетнам познат по своите прекрасни песочни плажи, динамично шеталиште и иконски мостови.

Таа, исто така, сподели трик за тоа како да се најдат станови по супер ниски цени: „Не гледајте на „Airbnb“, користете го „Facebook Marketplace“ таму  е поевтино“.

Сепак, Кејси си дала само 24 часа за да најде сместување и на крајот платила „двојно поголема цена“.

Нејзината моментална кирија е 490 фунти месечно за имот со базен, но таа истакнува дека многу станови чинат само 150 фунти. Воодушевена од погледот на плажата, таа коментирала: „Ова е буквално рај.“

Трошоци за живот во пракса

Во видеото, Кејси сподели и преглед на нејзините неделни трошоци како дигитален номад: Киријата ја дели со нејзиното момче, што изнесува 245 фунти по лице месечно или 61,25 фунти неделно. Храната е исклучително прифатлива: западен оброк 4 фунти, локален виетнамски оброк само 1 фунта.

Такки возилата се „фантастични“ и пристигнуваат речиси веднаш, а цената е околу 3 фунти. Активности како што се еднодневни екскурзии, пиклбол или бадминтон чинат 20-30 фунти неделно, додека масажите се околу 20 фунти неделно.


Огромен одѕив на социјалните мрежи

Видеото на оваа девојка на „TikTok“ брзо стана вирално со 1,4 милиони прегледи.

Следбениците се воодушевени:

„Уште едно одлично видео! Едвај чекам да се вратам во оваа прекрасна земја“, „Ова е неверојатно“, „Да Нанг изгледа како нов, подобрен Бали или јужен Тајланд“.

Сепак, некои се пошегувале:

„Премногу луѓе зборуваат за тоа. Го сакам мирот овде, не го уништувајте!“.