Куња со поддршка за новиот тренер на Јунајтед: Носи победнички менталитет, го знае патот…

Дерби

20/01/2026

11:24

210

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед на идеален начин ја започна приказната со Мајкл Керик, легендата на клубот кој прифати да го води истиот до крајот на сезоната како замена за Рубен Аморим.

„Црвените ѓаволи“ делуваат квалитетно, организирано и заслужено го добија Манчестер Сити со 2-0 на „Олд Трафорд“. Летното засилување Матеус Куња го започна овој меч од клупата, но по влегувањето во игра даде значаен придонес за резултатот кој донесе радост во црвениот дел од Манчестер.

- Сè уште се запознаваме со [Мајкл] Карик. Тој е многу почитувано име, не само во Јунајтед, туку и во Премиер лигата. Тој ја испиша својата историја тука на најпозитивен можен начин и носи со себе победнички менталитет достоен за клубот. Тој го знае патот до победата, -истакна Куња кој е пресреќен поради триумфот над Манчестер Сити, меч на кој го намести голот на Патрик Доргу.

- Мислам дека, имајќи го предвид целиот контекст, ова беше најважната победа откако сум во Јунајтед. Ја знаеме тежината на натпреварот и квалитетот на противникот. Ова е еден од најтешките натпревари во Англија. Но, кога излегувате на теренот претставувајќи клуб со големина на Манчестер Јунајтед, секогаш мора да го дадете својот максимум, особено во денови како овие. Барањата се големи и ние мора да ги исполниме. Среќен сум што помогнав со асистенција, но уште посреќен сум со трите бода. Нека ова биде почеток на нов циклус за нашиот тим, - рече Бразилецот и на крај порача:

- Сега до крајот на сезоната играме само во лигата и нашата цел е да се вратиме во Лигата на шампионите. Зависи само од нас и ние ќе дадеме се од себе, - заклучи офанзивецот.