Како српското „Ауф-видерзен“ им се удри од глава на избраниците на Раул

Дерби

20/01/2026

11:23

407

Големина на фонт

а а а

Србија направи голем подвиг во втората рунда на Европското првенство и со неверојатен пресврт успеа да стигне до победа над фаворизираната Германија, но два дена подоцна, судбината донесе нова реалност за избраниците на Раул Гонзалес, кои на крајот потклекнаа на натпреварот да се биде или не.

Српскиот тим залудно победи против бундес-тимот во ситуација кога загуби од Австрија, па вчера во вечерниот термин чекаше услуга од Шпанија, нешто што сепак не го дочека од страна на „фуријата“.

Германија со доминантно издание ја победи Шпанија и завери пласман во слендата фаза, но од друга страна, ја спакува Србија која се надеваше дека заврши голем дел од работата во втората рунда.

Дел од српските ракометари извикуваа „Ауф-видерзен“ (довидување) во моментите кога ја победија Германија, па иако Милосављев се обидуваше да ја смири еуфоријата, оваа порака сега им се удри од глава на „орлите“ кои добиваат и прозивки на социјалните мрежи.

– Ова не мина добро за Србија…., – порача Расмус Бојсен, еден од најценетите и најдобри ракометни аналитичари во овој момент.