Сколс откри каква брутална порака добил од играчот на Јунајтед кој го потцени пред дербито со Сити

Дерби

20/01/2026

11:13

199

Големина на фонт

а а а

Полс Сколс отворено го критикуваше Лисандро Мартинез пред дербито со Манчестер Сити и прогнозираше дека ќе заврши во мрежата заедно со топкта која ќе ја испрати во гол Ерлинг Халанд, но бидејќи се случи сосема спротивното на теренот, легендарниот играч за врска мораше да го „голта јазикот“.

Аргентинскиот стопер одигра извонредно во друштво на Хари Мегваер и поставија непробоен ѕид пред голот на Ламенс, па тоа го охрабри Мартинез да се огласи по крајот на мечот и да испрати жестока порака до легендите, особено ако се знае дека потсмевачки настроен за неговиот дуел со Халанд беше и Ники Бат.

– Сколс може да кажува што сака во јавноста. Веќе му кажав еднаш, ако има да ми каже нешто, нека дојде да ми го каже тоа во лице во мојот дом, или каде и да сака, – изјави Мартинез во саботата, а оваа епизода ја продолжи Сколс преку следните обраќања кои ги имаше преку социјалните мрежи, но и во јавноста.

– Некој имаше добар натпревар, навистина сум среќен за тебе. Подготви ми чај во твојот дом и те молам да биде без шеќер, – порача Сколс на социјалните мрежи, по што во јавноста се огласи и преку поткаст во кој призна дека употребил погрешни зборови.

– Поентата ни беше дека физички многу се разликуваат и дека има очигледна разлика во доминантност. Можевме да звучиме подобро и да употребиме поубави зборови, не звучи убаво кога ќе го слушнете повторно, но ние само се шегувавме пред мечот, – нагласи Пол, кој во продолжение откри дека во минатото добил и брутална порака од Лича на социјалните мрежи.

– Си имаме разменето пораки и на Инстаграм пред подолго време. Не беше среќен од некоја моја изјава во минатото, не може да ми текне за што станува збор, но само ми кажа дека целосно ја загубил почитта кон мене. Обично не би го кажал ова, но веќе кога се расприкажавме, ќе ви откријам дека тој ми пиша приватно и ми кажа дека ја загубил цела почит кон мене, – откри Сколс.