За фотељашите 250, за работниците 25 евра повисока плата!

Денар

18/01/2026

15:15

1.260

Големина на фонт

а а а

Повеќе синдикални организации кои се под најголемата синдикална организација ССМ се на готовс за можеби и најмасовните протести во поновата историја на Македонија.

Револтот на работниците се зголемува од ден на ден, а најголемо незадоволство има поради тоа што нема слух од власта за зголемување на минималната плата која треба биде можност за раст и на останатите плати. Во исто време според законот за плати, на функционерите нивните плати ќе се зголемат за околу 10 пати повеќе во однос на тоа што предвидува законт за раст на минималецот.

Од ССМ веќе предупредија дека се подготвуваат сериозни протести поради игноранскиот однос на власта и секако на работодавачите за раст на минималната плата надвор од законски утврдениот рок и сума која тој ја предвидува. Ставот на синдикатот е дека минималецот мора да порасне за најмалку 100 евра, а не за дваесетина евра, бидејќи тоа нема да направи никаква разлика во однос на куповната моќ на домаќинствата, особено не на оние со ниски примања. Исто така ССМ вели дека таа сума не претставува проблем на ниту една компанија да биде како зголемувања на платите на работниците.


„Од втората половина на јануари излегуваме на протести. Предвидени се штрајкови во повеќе институции и блокади на улици. Ако повторно нема разбирање од Владата и од работодавачите дека платите мора да растат не е исклучена и можноста за генерален штрајк во јавен и приватен сектор. Барањето е јасно, 600 евра минимална плата и по 100 евра зголемување на сите останати плати“, велат од ССМ.

Властите засега не се многу загрижени од незадоволството на работниците. Нивните проекции велат дека платите растат и дека нема место за незадоволство. Велат во оваа држава мора да се почитуваат законите и така ќе биде и за растот на минималецот.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.