Приватно видео од Меган и Хари е вирално на социјалните мрежи: Она што се гледа е доволно за да заклучиме за што станува збор

Кармин

17/01/2026

19:29

805

Големина на фонт

а а а

Меган Маркл сподели видео на кое таа и принцот Хари танцуваат, а снимката, како што откри самата, ја направила нивната ќерка, принцезата Лилибет.

Со црно-белото видео и фотографија од почетокот на нивната врска, стара десет години, војвотката од Сасекс се приклучи на актуелниот вирален тренд на социјалните мрежи.

Во интимната снимка, објавена во петокот на Инстаграм, Хари и Меган се гледаат како боси танцуваат на тревата и се гушкаат.


Во описот на објавата, прва од почетокот на годината, Меган напиша: „Кога 2026 изгледа токму како 2016… требаше да бидете таму“, притоа наведувајќи дека автор на видеото е нивната четиригодишна ќерка.


Покрај видеото, Меган сподели и фотографија од август 2016 година, на која таа и Хари позираат за време на патување во Боцвана. Станува збор за нивниот трет состанок, за кој Хари претходно има откриено дека тогаш поминале пет ноќи кампувајќи под ѕвездите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk