Предупредување до британските туристи: „Избегнувајте патување во овие 16 земји, постои опасност од терористички напади и ескалација на конфликтите!“

Точка

16/01/2026

20:24

828

Големина на фонт

а а а

Британското Министерство за надворешни работи (Foreign Office) издаде итно предупредување за државјаните на Обединетото Кралство кои планираат патувања во 16 земји, поради „сериозна загриженост“ предизвикана од растечките регионални тензии. Меѓу погодените дестинации се Турција и Кипар.

Повик до патниците за дополнителна претпазливост

Службениците ги повикуваат туристите да преземат „дополнителни мерки на претпазливост“ при патувањата во делови од Блискиот Исток и околните региони, кои секоја година ги посетуваат стотици илјади британски туристи.


Предупредување поврзано со развојот на ситуацијата во Иран


Предупредувањето доаѓа по неодамнешните настани поврзани со Иран и опфаќа повеќе популарни туристички дестинации, вклучувајќи ја Турција, Кипар и Египет. Тоа следува откако Иран, без претходно објаснување, во раните утрински часови во четврток ненадејно го затворил својот воздушен простор за комерцијални летови, во период на ескалација на тензии со Соединетите Американски Држави поради насилното гушење протести низ целата земја.


Пореметувања во меѓународниот воздушен сообраќај

Ненадејното затворање на воздушниот простор ги принуди меѓународните авио-компании да ги пренасочат рутите северно и јужно околу Иран, што предизвика пореметувања во глобалниот воздушен сообраќај.

Иранските власти повторно го отворија воздушниот простор нешто по 7 часот наутро, а дел од домашните летови продолжија. Иран претходно го затвори небото и за време на 12-дневниот конфликт со Израел во јуни минатата година.


Службено соопштение на британското Министерство за надворешни работи

Во предупредувањето објавено во четврток (15 јануари), Министерството наведе дека „постои зголемен ризик од регионални тензии. Ескалацијата може да доведе до пореметувања во патувањата и други непредвидени последици. Британските државјани треба да преземат разумни мерки на претпазливост, во согласност со своите лични околности.“

Предупредување од организацијата „SafeAirspace“

Организацијата „SafeAirspace“, која ги следи воените зони и ризиците за авијацијата, предупредил дека затворањето на воздушниот простор може да укажува на дополнителни безбедносни или воени активности.


„Неколку авиокомпании веќе го намалија или прекинаа бројот на летови, а поголемиот дел од превозниците избегнуваат ирански воздушен простор. Ситуацијата може да укажува на дополнителни безбедносни или воени активности, вклучително ризик од лансирање ракети или засилена противвоздушна одбрана, што ја зголемува можноста за погрешна идентификација на цивилни летала“, пренел британскиот весник „Експрес“.


Страв од поширока ескалација во регионот

Се зголемуваат стравувањата дека евентуална воена акција на претседателот Доналд Трамп против иранскиот режим би можела да доведе до поширока регионална ескалација, зголемување на насилството и сериозни пореметувања во меѓународните патувања.

„Постои високо глобално нивo на терористичка закана што ги погодува интересите на Обединетото Кралство и британските државјани, вклучително групи и поединци кои Обединетото Кралство и неговите државјани ги сметаат за легитимни цели. Секогаш бидете свесни за своето опкружување“, стои во предупредувањето.


Ризик од неселективни напади

Британското Министерство дополнително нагласува дека, иако терористите можат да таргетираат западни интереси и британски државјани, нападите можат да бидат и неселективни, вклучувајќи области кои ги посетуваат странски туристи.


„Терористичките групи сè уште објавуваат соопштенија во кои се закануваат со напади во регионот на Заливот.“

Регионални тензии како причина за зголемен ризик

Тензиите меѓу Израел и Иран, како и пошироките регионални непријателства во областaта на Персискиот залив, значително придонесоа за зголемување на нивото на закани.

Список на земји за кои Лондон издаде итно предупредување

• Турција

• Обединети Арапски Емирати

• Јемен

• Сирија

• Саудиска Арабија

• Катар

• Оман

• Либија

• Либан

• Кувајт

• Јордан


• Ирак

• Египет

• Кипар

• Бахреин

• Иран