По години изложување, уживање во цигарите и алкохолот, некогаш една од најбараните манекенки Кејт Мос, денес изгледа помладо од кога и да е, а еве и зошто.
Кејт Мос беше едно од најпрепознатливите лица во 90-тите години, учествувајќи на сите престижни ревии и фотографирање за познатите магазини.
Невозможно е да не забележите колку извонредна трансформација направила од „party“ девојка до фамилијарна жена.
Таа денеска полни 52 години и изгледа помладо од кога и да е, а сѐ благодарение на тоа што го усвоила поразличниот режим на живот.

Тренинг
Кејт редовно тренира, има справи дома и личен тренер којшто ѝ помага да остане во форма, а го сменила и начинот на исхрана.
Поради тоа што претходно поради работата патувала многу, имала трикови за одржување на младешкиот изглед.
„Останувам хидрирана во текот на летото и се обидувам да јадам само лесна храна“, изјавила за „Net A Porter“.
„Сметам дека приспособувањето на нова временска зона штом стигнам е корисно, па се обидувам да останам будна до вообичаеното време за спиење“.
Детокс сокови
Некогашната манекенка редовно пости со сокови. Во текот на годината спроведува три недели чистење на организмот со сокови.
„Пијам сокови. Најмалку три пати годишно, една недела, правам чистење со сокови. Ми се допаѓа. Се чувствувам прекрасно. А потоа имам толку енергија. Сите останати велат „те молам, пссст“. Боже, имам толку енергија која почнува да се одбива од ѕидовите“, раскажала таа своевремено.

Ладна вода плус краставици за нега на кожата
Вториот совет за убавина којшто Кејт го преферира, вклучува потопување на лицето во ладна вода и отстранување на отокот околу очите со парчиња краставица.
Говорејќи за тоа изјавила: „Мојот стар трик е да го нурнам лицето во ладна вода и парчиња краставица, тоа веднаш ја затегнува кожата и го отстранува отокот.
Потоа користам капки масло за лице „Cosmoss Golden Nectar“. Заедно на кожата ѝ даваат дополнителен сјај и одлични се за детоксикација и лимфна дренажа“, открила таа.
Внимателно со сонцето
Уште еден совет којшто Кејт тврди дека го следи е тоа што се чува подалеку од сонцето, откако претходно ја предупредила нејзината пријателка и шминкерка Шарлот Тилбери.
„Шарлот ми рече да не излегувам на сонце, но тоа е така затоа што е црвенокоса, па знае. Малку ја игнорирав, но сега не ризикувам“, изјавила Кејт за медиумите.











