Холивуд често отвора стари рани, особено кога трауматични искуства од приватниот живот се претвораат во забавна содржина. Иако ваквите проекти неретко наидуваат на голем интерес кај публиката, за лицата чии приказни се раскажани без нивна согласност последиците можат да бидат долготрајни. Токму за едно такво искуство проговори Памела Андерсон.
Актерката признала дека се чувствувала „гадно“ затоа што била во близина на Сет Роген, продуцент на серијата „Pam & Tommy“, а ова го изјави за време на интервјуто со Енди Коен на „SiriusXM“, речиси четири години подоцна. Серијата го прикажа скандалот и интимната снимка на Андерсон и нејзиниот поранешен сопруг Томи Ли од 90-тите, што за неа било болно искуство, пренесува „ТМЗ“.
Говорејќи за средбата на Златните глобуси, Андерсон објасни дека го избегнувала токму поради таа серија.
„На крајот, се надевам, можеби ќе ме контактира и ќе ми се извини“
„Тој беше во публиката на доделувањето на Златните глобуси, така што бевме блиску. Само си помислив: ‘Не сум јас тука невидлива.’ Се чувствував малку чудно поради тоа“, изјавила таа во гостувањето кај Енди Коен на „SiriusXM“, пренесува „E! News“. Таа додала и: „Како некој може да направи ТВ-серија од тешките моменти во вашиот живот? Едноставно ми беше одвратно.“
Андерсон потврдила дека ја напуштила церемонијата веднаш откако заедно со Мајли Сајрус ја прогласила победничката во една од категориите. „Веднаш отидов во кревет“, рекла таа, признавајќи дека поради близината на Роген се чувствувала непријатно. „Се чувствував непријатно. Затоа не потрчав директно кон него, но во мислите — да. Му кажав како се чувствувам“, додала.
Иако Роген никогаш не ја контактирал во врска со серијата, Андерсон и понатаму се надева дека ќе го стори тоа.
„На крајот, се надевам, можеби ќе ме контактира и ќе ми се извини“, споделила таа, истакнувајќи дека јавните личности не би требало да го изгубат правото на приватност на нивните најтешки животни моменти. И покрај сè, актерката нагласила дека ситуацијата не ја доживува како најголем проблем: „Не се жалам. Сè е во ред. Постојат и полоши работи што се случуваат во светот.“
Серијата „Pam & Tommy“ е достапна на платформата „Disney+“.









